Како да ја поставите myGov

Научете кои податоци и ставки ви требаат за да можете безбедно да поставите мова сметка на myGov.

Што ви треба

За да создадете сметка на myGov ќе ви треба:

  • една активна адреса на е-пошта (active email address)
  • за дополнителна безбедност се препорачува еден мобилен телефон со активна сметка и број (mobile phone with an active mobile phone account and number).
  • да одговорите на тајните прашања (Secret questions) што ќе ги изберете од список.
Како да ја поставите myGov

Адресата на е-пошта (email address) ќе се употребува за да се најавите на myGov, а бројот на мобилниот телефон (mobile phone number) за да добиете еден специјален код за да се најавите безбедно. Тајните прашања (secret questions) ќе ви овозможат пристап до вашата сметка на myGov ако ја заборавите лозинката.

На myGov треба да го користите само вашиот сопствен број на мобилен телефон, а не број на роднина или пријател.

Како да ја поставите myGov чекор по чекор

Интернет-страницата на myGov ќе ве води низ безбедното поставување на вашата сметка на myGov, но ако се чувствувате малку загубено, можете да се осврнете на овој список за да видите на кој чекор се наоѓате:

  1. посетете ја https://my.gov.au
  2. прифатете ги Условите за користење (Terms of Use)
  3. кликнете на Создај сметка (Create an account)
  4. внесете ја адресата на е-пошта (email address) и примете код (code) на е-поштата за да го потврдите
  5. внесете го бројот на мобилниот телефон (mobile phone number) и примете текстуална порака со специјален код (special code)
  6. внесете го кодот (code) што го примивте
  7. создадете силна лозинка (strong password) со седум букви и барем една бројка
  8. изберете три тајни прашања (three secret questions) од списокот и дадете ги одговорите.

Вашата сметка на myGov ќе се создаде и екранот ќе прикаже еден код што можете да го користите како ваше корисничко име (username). Но, секогаш можете да ја користите вашата адреса на е-пошта (email address) за да се најавите, па не мора да го паметите овој код.

Имате опција да го користите вашиот Дигитален идентитет (Digital Identity) за да ја создадете вашата сметка на myGov (myGov account) и да се најавите на неа. Можеби веќе сте поставиле Дигитален идентитет за да пристапите до владини или други услуги ако сте сопственик на бизнис.

Како да се најавувате на myGov

Со цел вашите лични податоци да бидат безбедни, myGov има строга безбедност и неколку дополнителни чекори за најавување (sign in) во споредба со други интернет-страници:

  • внесете го вашето корисничко име (username) и лозинка (password)
  • myGov потоа праќа код (code) на вашиот мобилен телефон
  • внесете го кодот (code) за да го завршите најавувањето.

Ако ја заборавите лозинката или ако не добиете код на мобилниот телефон, кликнете на врската Ја заборавив лозинката (Forgot password) или на врската Не добив код (I didn’t get a code) и следете ги чекорите што се прикажуваат на екранот.

Ако заглавите, јавете се на 13 23 07 и изберете ја Опцијата 1 (Option 1).

Секогаш одјавувајте се со кликнување на врската Мојата сметка (My account) и потоа изберете Одјави се (Sign out) од менито што се појавува. Ова ќе ја обезбеди вашата сметка на myGov и ќе ја заврши вашата сесија. Никогаш не оставајте го компјутерот со отворена страница на вашата сметка на myGov.

Совети за безбедност на сметката на myGov

Вашата сметка на myGov се одржува безбедна со уникатно корисничко име (username), лозинка и дополнителна заштита со код (code) што се испраќа на вашиот мобилен телефон.

Наместо корисничко име и лозинка, можете да го користите вашиот Дигитален идентитет (Digital Identity) ако веќе сте го поставиле.

Ако петпати (five times) по ред внесете грешна лозинка на myGov, вашата сметка ќе се заклучи два саати, а потоа можете да се обидете повторно да се најавите.

Како да ги измените поставките на myGov

Кликнете на Мојата сметка (My account) и потоа од менито ќе се појави изберете Поставки на сметка (Account settings). Ќе се појави екранот со Поставки (Settings).

  • Изберете категорија од левото мени, на пример Поставки за најавување (Sign in settings) или Детали за контакт (Contact details)
  • На левата страна ќе се појави список со поставки и можете да кликнете на Уреди (Edit) што се наоѓа до поставката што сакате да ја измените
  • На пример, Поставките за најавување (Sign in settings) ја вклучуваат опцијата Корисничко име (Username) каде можете да изберете да ја користите адресата на е-пошта за да се најавувате наместо да користите код
  • Исто така, тука можете да ја измените и лозинката (password), ако сте загрижени дека некој ја погодил или видел
  • Изберете Детали за контакт (Contact details) од левата страна ако треба да го измените бројот на мобилниот телефон (mobile phone number)
  • Разгледајте ги поставките за да измените нешта како што е одговорот на тајното прашање (secret question) за најавување или за користење на апликацијата Генератор на кодови myGov (myGov Code Generator app).

Како да добиете помош за сметката на myGov

Користете го Помошникот (Assistant) за да добиете помош со начинот на кој правите нешта на сметката на myGov:

Кликнете на копчето на Помошник што се наоѓа десно на екранот и во скок-прозорецот напишете тема за која ви треба помош. Помошникот разбира едноставен англиски јазик, но често е подобро да напишете само еден едноставен збор, на пример лозинка (password) наместо Како да ја изменам мојата лозинка? (How can I change my password?)

Можете да кликнете во полињата во Помошникот за да најдете одговори на вообичаени прашања

За повеќе водилки како да ја користите myGov, посетете ја Services Australia на https://www.servicesaustralia.gov.au/mygov-online-help-guides

Можете да го повикате бирото за помош на myGov на 13 23 07, од 7 до 22 часот од понеделник од петок (од 10 до 17 часот за време на викенд) ако сакате да разговарате со некого за вашето прашање. Ако патувате во странство и ви треба помош, користете го бројот +61 1300 169 468.